Дома Македонски спорт Мак фудбал „Црна Гора и Молдавија се сериозни и квалитетни противници, ќе видиме во кој правец се движиме“

„Црна Гора и Молдавија се сериозни и квалитетни противници, ќе видиме во кој правец се движиме“

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03) во турска Анталија. 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Милевски пред собирот за овие два натпревари зборуваше за своите очекувања и истакна дека противниците не се избрани случајно, како и дека се работи за исклучително квалитетни селекции.

– Не случајно ги избравме Молдавија и Црна Гора, мислам дека се работи за сериозни противници, неспорно дека се квалитетни затоа што имаа одлични квалификации. Ќе ни послужат за да знаеме во кој правец се движиме и да видиме во каква форма сме. 

Милевски исто така потврди и дека Аријан Адеми повеќе нема да настапува за македонската репрезентација поради лични причини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…