Дома Топ вести Црвен аларм во Мадрид: Четири ѕвезди се веќе „пречкртани“

Црвен аларм во Мадрид: Четири ѕвезди се веќе „пречкртани“

Зинедин Зидан за натпреварот против Еспањол се одлучи да одмори неколку важни играчи меѓу кои и Кристиано Роналдо, па доживеа пораз во судиското продолжение.

Тоа беше тежок удар за „кралевите“ кои сега и дефинитивно се простија од можноста да ја одбранат титулата во Шпанија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека токму овој пораз бил капката која ја прелеа чашата, па Флорентино Перез се одлучил да направи коренити промени на „Сантиаго Бернабеу“.

Поточно, овој пораз уште повеќе го убедил во намерата да направи голема „чистка“ во соблекувалната, а на мета се ѕвезди како Марсело, Бензема, Лука Модриќ, па дури и Кристиано Роналдо.

Претседателот на Реал смета дека е вреке за нови „Галактикоси“, а наводно на врвот на листата желби се Хектор Белерин, Давид Алаба и Одриозола. „Диарио Гол“ тврди дека готово сигурно следното лето Реал ќе донесе засилувања на бековските позиции, но и ќе ги засили сите линии на тимот со нови ѕвезди.

Што се однесува до нападот, познато е дека најголеми желби се Хари Кејн и Нејмар, мо тука се уште Левандовски, Икарди, Азар…

Познатиот медиум тврди дека готово сигурно на клупата и следната сезона ќе седи Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…