Дома Македонски спорт Мак ракомет Црвено-црните незапирливи: Вардар е нов шампион на СЕХА лигата

Црвено-црните незапирливи: Вардар е нов шампион на СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар ја освоија титулата во регионалната СЕХА лига со победата во финалето над Веспрем 26:21 (11:11). „Црвено-црните“, на завршниот турнир кој се одржа во Брест, Белорусија, ја освоија третата титула во регионалната лига (2012, 2014, 2017).

Вардар својата доминацијата во регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата ја заокружи со титулата која ја освои на завршниот турнир во Брест. Во финалето македонскиот шампион ја прекина двегодишната доминација на Веспрем и стана најуспешниот тим во ова натпреварување.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Беспрекорната игра во одбраната, со која од голот командуваше Арпад Штербик, беа клучни за победата на Вардар.

Натпреварот во кој доминираа одбраните, Вардар го реши со серијата 5:0 во периодот од 43. до 50.минута. Вардар последните 17 минути, при резултат 17:17, ги заврши со серија 9:4.

Македонскиот шампион, со исклучок на првот напад, кога првиот гол на мечот го постигна Лекаи, константно беше во водство. Имаше Вардар 8:6 во 13.минута, потоа 10:8 во 25-та, а егал на полувреме (11:11) донесе Наѓ во последната секунда кога погоди од гол на гол.

Првата предност од три гола (17:14) Вардар ја имаше во 40.минута, потоа во наредните три минути Веспрем израмни на 17:17, по што, во наредните седум минути, голманот Штербик и одбраната, иницираа серија од пет гола, по која Веспрем не успеа да се врати.

Штербик на крајот имаше 12 интервенции, додека стрелците кај Вардар ги предводеа Канељас и Дибиров кои постигнаа по пет гола, односно Марсениќ кој постигна четири гола.

Најдобар играч на Веспрем беше голманот Алиловќ со 13 одбрани.

На завршниот турнир третото место го освои домаќинот Мешков со победата над Загреб 23:19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Oхрид има големи планови: Во новата сезона ќе ги води екс-селектор на Македонија!

Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, објави порталот „Охридњуз“. Поранешн…