Младиот грчки тенисер Стефанос Циципас го оствари најголемиот успех во кариерата, победувајќи го Доминик Тим во финалето на завршниот Мастерс во Лондон.
Притоа, Циципас стана најмладиот тенисер во последните 18 години кој го освоил завршниот АТП турнир.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во првиот сет и двајцата тенисери беа успешни на свој сервис, па тајбрејкот решаваше, а во него Тим победи со 7-8.
Циципас доби дополнителна мотивација и брзо го направи првиот брејк, а потоа и вториот, па го освои сетот со 6:2. Третиот сет исто така беше решен во тајбрејк, а на крајот подобар беше Циципас.