Дома Топ вести Циркус во Реал после дербито: Роналдо се скара со цела соблекувална

Циркус во Реал после дербито: Роналдо се скара со цела соблекувална

Атлетико Мадрид и Реал синоќа одиграа реми без голови, а веднаш после натпреварот во медиумите се појавија детали од соблекувалната на „кралевите“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека избила голема расправија меѓу играчите, на една страна бил Лука Модриќ, а на друга Кристиано Роналдо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Модриќ изданието на тимот го нарекол „криминално“ и посебно го пофалил Иско. Според зборовите на Хрватот Реал не би можел да направи ниту една акција без него. На тоа веднаш се побунил Кристиано тврдеќи дека Иско ја задржува топката премногу долго, па напаѓачите не добиваат доволен број на топки, па тој морал да се враќа назад и да ја организира играта.

Португалецот пред сите во соблекувалната констатирал дека оваа сезона е загубена и му порачал да заборават на трофеи.

Флорентино Перез не му остана должен на Зинедин Зидан и му замерува што константно го форсира истиот тим и не им пружа шанса на младите таленти како Асенсио и Себаљос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…