Дома Македонски спорт Мак фудбал Циркузи: Во македонската прва лига денес видовме два смешни гола! (ВИДЕО)

Циркузи: Во македонската прва лига денес видовме два смешни гола! (ВИДЕО)

Денес во македонската прва лига се случуваше вистински циркус.

Тимот на Шкупи денес стигна до четвртата позиција откако славеше против Академија Пандев со 1:0.

Клубот од Чаир победи само благодарение на голманот на гостите Душан Чубраковиќ. На само четири минути пред крајот Бесир Исеини ја погоди неговата мрежа.

Исеини шутираше од околу 20 метри, иако неговиот удар воопшто не изгледаше опасно голманот Чубраковиќ некако се сплетка ја испушти топката и таа заврши зад неговиот грб.

Како овој смешен гол да не беше доволен во победата на Беласица над Шкендија од 2:1 Егзон Бејтулаи си постигна автогол од 30 метри…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…