Дома Фудбал Германија Целиот тим на Хофенхајм оди во карантин

Целиот тим на Хофенхајм оди во карантин

Целиот тим на Хофенхајм е ставен во карантин откако се појавиле три нови случаи на позитивни со коронавирусот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Заразени се Себастијан Руди и Исак Белфодил, како и еден член на стручниот штаб.

Од претходно, Јакоб Брун Ларсен и Мунас Дабур се позитивни на Ковид 19 откако се приклучија на репрезентативните обврски, во Данска односно во Израел.

Челниците на Хофенхајм не може да откријат како се случило така нагло да се шири вирусот иако во клубот ги почитуваат протоколите, па одлучија целиот тим да го стават во карантин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…