Дома Фудбал Цела кариера во еден клуб и повеќе од 500 натпревари – шпанскиот ветеран објави крај на кариерата

Цела кариера во еден клуб и повеќе од 500 натпревари – шпанскиот ветеран објави крај на кариерата

Ветеранот на шпанскиот фудбал кој целата кариера ја помина само во еден клуб одлучи да стави крај на својата кариера која ја помина во еден клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фудбалерот на Реал Сосиедад, Чаби Прието на крајот од сезоната става крај на кариерата, беше објавено денес.

Прието целата своја кариера ја помина во клубот од Баскија, одигра 511 натпревар за првиот тим и успеа да постигна 72 погодоци.

Не го напушти Сосиедад дури и кога овој тил испадна во понизок ранг на натпреварување иако имаше понуди, а на крајот стана дел од историјата на овој клуб – тој еден од петмината фудбалери кои за Сосиедад одиграле повеќе од 500 натпревари.

Пред него тоа им успеа само на Ларанага, Гориз, Замора и Арконада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…