Ракометарките на Вардар продолжуваат со одличните партии и победи, нова ракометна “жртвa” овој пат беше Мец од Франција. Црвено-црните девојки рутинирано го добија овој натпревар со резултат 29-23 (15-9).

По натпреварот на прес – конференцијата задоволни од прикажаната игра и победата беа тренерот Дибирова и Цвијиќ кои истакнаа:


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Горда сум на оваа екипа. Во последните два месеци иако небевме заедно одигравме еден натпревар на ниво. Треба така да продолжиме, најдобри сме во Европа. Благодарност и до публиката што ни ја разубави оваа вечер. Сакам вака да биде и против Будуќност, па дури и подобро. Уживање е да се игра пред полни трибини“; вели Цвијиќ.

Сакам да и честитам на мојата екипа одигравме доста добро. Но, и покрај одличната игра имавме грешки кои мора да ги намалиме во иднина. Одиме понатаму и го чекаме наредниот меч против Битихајм. Одбраната е клуч за победите на нашите мечеви, ама и нападот секако” ; вели Дибирова

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…