Дома Останати Кошарка НБА Хјустон победи, Харден застана „само“ на 20 поени, Клиперси со звукот на сирената до победа (ВИДЕО)

Хјустон победи, Харден застана „само“ на 20 поени, Клиперси со звукот на сирената до победа (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа само два натпревари.

Тимот на Хјустон повторно стигна до третата позиција во западната конференција откако во НБА лигата однесе победа во натпреварот против Минесота со 117:102.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одлучувачка во овој натпревар беше третата четвртина. Тој дел од натпреварот Хјустон го доби со 43:29, а потоа го приведе натпреварот кон крајот. Невобичаено за него Џејмс Харден го заврши натпреварот со само 20 поени. Прв стрелец на тимот беше Крис Пол со 25, кај Минесота Карл Ентони Таунс беше најефикасен со 22 постигнати поени.

https://youtu.be/sIJVX01DFGI

Во вториот натпревар Лу Вилијамс со звукот на сирената обезбеди победа на Клиперси над Бруклин од 119:116. Воедно Вилијамс беше и прв стрелец на неговиот тим со 25 постигнати поени, Дианџел Расел во редовите на Бруклин постигна 32 поени.

https://youtu.be/2RbNo3_j_K0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лејкерси го отпуштија тренерот: Животот ми беше пекол во последните две години

НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс го отпушти тренерот Дарвин Хам по две сезони на оваа позициј…