Дома Останати Кошарка НБА Хјустон и Милвоки до трета победа, Денвер изедначи (ВИДЕО)

Хјустон и Милвоки до трета победа, Денвер изедначи (ВИДЕО)

Изминатата ноќ беа одиграни три натпревари во плејофот од најсилната кошаркарска лига.

Победи остварија екипите на Денвер, Милвоки и Хјустон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денвер оствари победа на гости кај Сан Антонио со резултат 117:103 и така изедначи во серијата на 2:2. Не тргна се така добро за гостите. Првата четвртина ја одиграа многу лошо, но во другата успеаа резултатски да се вратат во натпреварот. На полувремето заминаа со нерешен резултат 54:54. Гостинскиот тим одигра одлична трета четвртина во кој направија голема предност која на крајот беше клуч во нивната нова победа. На крајот резултатот беше 117:103 во корист на Денвер.

Милвоки ја оствари третата победа против Детроит и сега им е потребна уште една победа за да поминат во наредната рунда од плејофот. Конечниот резултат беше 119:103 за Милвоки. Гостите одиграа добро во првото полувреме и веќе после првиот период од играта имаа предност. Резултатот беше 67:54. За потврда на победата во овој натпревар гостите одиграа одлична трета четвртина и на крајот запишаа победа од 119:113.

Како и Милвоки и Хјустон оствари победа кај Јута и поведе со резултат 3:0. Резултатот беше 104:101. Во многу неизвесен натпревар, двете екипи се менуваа во водство, а после првото полувреме Јута водеше со 55:50. Сепак, со одлична игра во вториот Хјустон стигна до победа.

https://youtu.be/OOwH5mwGP7U

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Балканска доминација во НБА: Познати имињата на тројцата кандидати за МВП наградата

НБА лигата ги објави имињата на тројцат кандидати за МВП во регуларниот дел од сезоната. П…