Дома Останати Хуманитарната мисија продолжува – Mozzart го поддржа здружението „За тебе – Скопје“ (4U)

Хуманитарната мисија продолжува – Mozzart го поддржа здружението „За тебе – Скопје“ (4U)

Хуманоста станува заштитен знак на компанијата Mozzart.

Лидерот во приредување игри на среќа со редовни донации се обидува да им помогне на ранливите категории од нашето општество, а последниот апел за помош стигна од здружението „За тебе – Скопје“ (4U).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа организација се грижи за млади кои пораснале без родителска грижа, а барањето стигна од основачот, младата новинарка Цеце Николова.

Компанијата „Mozzart “ веднаш даде зелено светло, бидејќи овие млади луѓе, за жал, главно се заборавени од општеството.

Идејата на Николова да го основа ова здружение е мотивирана од тоа што и самата е дете кое израснало без родители.

Затоа таа најдобро знае што им е потребно на младите, па преку разни апели за донации и спонзорства се труди да им помогне и да им го олесни патот по кој треба да поминат откако ќе наполнат 18 години.

Mozzart со оваа донација дава особен придонес во нашата работа! Со оглед на тоа дека 4U досега успешно одговара на потребите на младите во социјален ризик без ниту еден проект, наши главни партнери се социјално одговорните компании и индивидуалните донатори. Среќни сме што Mozzart се грижат за потребите на младите кои растеле без родители. Веруваме дека ова е само почеток на долга и успешна соработка, изјави Николова.

Кога станува збор за хуманоста, помошта и поддршката на најранливите категории, активностите на Mozzart не застануваат тука. „Хуманоста полека но сигурно почнува да станува заштитен знак за нашата компанија. Секогаш сме расположени да ја дадеме нашата помош секаде каде што истата е потребна. Посебно кога станува збор за младите, Mozzart дава безрезервна поддршка. Нам ни е навистина многу драго што имавме можност да помогнеме на здружението „За тебе – Скопје“ (4U), чија единствена цел е посреќна иднина на младите кои растеле без родители. Со исто темпо продолжуваме и натаму , изјави Ивана Стефановска Крстевска, специјалист за корпоративни комуникации во компанијата Mozzart.

Лидерот во приредување игри на среќа до сега несебично помагал во многу различни области.

Од донации за хумани цели, до поддршка на млади таленти, спортисти и спортски настани.

Донациите за помош за лекувањa, за обнова на дневниот центар за децата со посебни потреби во Крушево, донациите во болниците низ целата територија на Македонија, стипендиите за млади кошаркари, поддршката на спортот и спортистите, се само мал дел од сето она што го прави Mozzart .

Ваквите и слични активности продолжуваат и натаму, се со цел повеќе среќни,задоволни,успешни и насмеани лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Радувај се Македонијо: Бобан Илиоски е нов светски шампион во кик-бокс во ВАКО Про

Вечерва во одлична атмосфера во Спортскиот центар „Јане СанданскИ“ во Скопје пред голем бр…