Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата го продолжи договорот со клубот на уште една година.
Актуелниот договор на шпанскиот фудбалер истекува на крајот од оваа сезона, но сепак на крајот е пронајден договор меѓу двете страни и Мата ќе остане барем уште една година на Олд Трафорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многу сум среќен и горд што сум дел од овој клуб. Мислам дека сите кои припаѓаат на Манчестер Јунајтед треба да се чуствуваат привилегирани. Среќен сум за односот со сите работи во клубот, а нормално и со тренерот и соиграчите.“ – изјави Мата.
Да потсетиме, Мата во Јунајтед пристигна во 2014. година за 45 милиони евра од Челси, а во текот на оваа сезона одигра 19 натпревари и постигна три погодоци со исто толку асистенции.