Дома Топ вести Христо Стоичков: Таа е вивновникот за ужасот во Каталонија! (Видео)

Христо Стоичков: Таа е вивновникот за ужасот во Каталонија! (Видео)

Легендарниот фудбалер на Барселона, Христо Стоичков, прекарот „Ел Пистолеро“ го доби поради неверојатните настапи, но и неверојатните изјави во медиумите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Стоичков за Барселона настапуваше шест години и ги освои сите индивидуални и тимски трофеи, но и срцата на навивачите.

Клучниот човек на „дрим тимот“ на Кројф кој во првата половина на деведесетите години четири пати во низа ја освојуваше шампионската титулата и за прв пат на Барселона и ја донесе титулата европски шампион во тоа време играше толку добро што и ја освои „Златната топка“. Откако помина пет години во Барселона премина во Парма, но потоа повторно се врати на „Ноу Камп“.

Поради сето тоа не треба да се истакнува на која страна е темпераментниот Христо во актуелната борба на Каталонија за независност.

Поранешниот фудбалер на Барселона зборуваше во програмата „Univison Deportes“ и потсети дека тој во 1992 година освојувањето на Лигата на шампионите на „Вембли“ го славел со каталонско знаме.

„Сликите кои ги видов од Каталонија се ужасни. Вие не смеете да испраќате вооружени полицајци да го тепаат кутриот народ, треба да се зарсамите“, порача Стоичков.

Потоа неочекувано тој ја нападна Марија Сорај Саенз, потпретседателката на владата која многумина ја нарекуваат „најмоќната жена во земјата“.

Стоичков го подигна таблетот и изјави: „Таа е виновна за сцените кои ги гледаме во на улиците во Каталонија. Ве замолувам да ја смените“, зборуваше Стоичков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Каков ден во Италија: Гатузо, Алегри и Сари имаат нови клубови

Алегри го напушта Милан по трагедијата во последното коло и поразот од Каљари на „Сан Сиро…