Дома Фудбал Англија Хрватот надвор од игра, но Мурињо има време за само уште две опции

Хрватот надвор од игра, но Мурињо има време за само уште две опции

mourinho

Иако навивачитее сметаат дека би требало да го форсира Марсијал, Мурињо не му верува на Французинот, смета дека игра со повеќе осцилации, а многу пати му замери дека е под влијание на агентот и дека повеќе би требало да го слуша тренерот.

Тој и понатаму бара надворешен играч во офанзивата, Перишиќ е надвор од игра, со оглед на тоа дека потпиша нов договор со Интер, а Мурињо се насочи кон Франција.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Една од опциите е Лемар од Монако кој може да игра на повеќе позиции, но се чини дека со продажбата на Мбапе и веројатно Фабињо, „Кнежевите“ нема да го пуштат Лемар, дури се споменува дека на Арсенал им побарале 70 милиони евра.

Многу пореално е доведувањето на Јулијан Дракслер од ПСЖ кој го загуби местото во тимот. Ако пристигне Мбапе, тој сака да замине, иако Емери тврди дека смета на него.

Германецот за околу 40 милиони евра би требало да биде продаден,го сакаат во Челси и Арсенал, но Јуанјтед би имал најмногу шанси да го донесе некогашниот играч на Шалке и Волфзбург.

Со тоа Мурињо би го затворил преодниот рок, барем така се зборува, иако не се исклучени изненадувањата во самиот финиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србите не го чекаа исходот од ЕП – Пикси доби нов договор!

Драган Стојковиќ Пикси потпиша нов договор со Фудбалскиот сојуз на Србија и ќе остане селе…