Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Хрватите одиграа колку што е потребно: Автогол, па пенал – за три бода! (видео)

Хрватите одиграа колку што е потребно: Автогол, па пенал – за три бода! (видео)

Најбогатиот ден на Мундијалот беше затворен со натпреварот помеѓу Хрватска и Нигерија.

Хрватите ја оправдаа фаворитската улога против Нигерија. Хрватска не беше кој знае колку доминантна, но на крајот сепак одигра доволно за да слави победа од 2:0.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Коцкестите“ до предност стигнаа после триестина минтуи игра и тоа преку автогол. Модриќ одлично нафрли од корнер, Манџукиќ се фрли и успеа да ја зафати топката со глава која на патот до голот го погоди Етебо и заврши во мрежата на Нигерија.

До крајот на првиот дел следуваше период на мирна игра, па во првите 45 минути видовме само еден погодок.

Во вториот дел работите не се променија многу, Хрватска ја имаше контролата и создаваше по некоја шанса.

Точка на натпреварот беше ставена во 72 минута. Манџукиќ успеа да изнуди пенал по еден дуел во шеснаесетникот, а сигурен реализатор беше Лука Модриќ за конечни 2:0.

Во четврток, Хрватска ја очекува натпревар против селекцијата на Аргентина која денес ремизираше 1:1 против аутсајдерот во оваа група, Исланд кој ќе се сретне со Нигерија.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…