Дома Фудбал Германија Хофенхајм е нерешлива мистерија за Баерн – втор пораз на минхенскиот гигант оваа сезона

Хофенхајм е нерешлива мистерија за Баерн – втор пораз на минхенскиот гигант оваа сезона

Хофенхајм остана непоразен и во вториот меч со Баерн Минхен во Бундеслигата во оваа сезона. По ремито во есенскиот дел, тимот предводен од 29 годишниот тренер Јулијан Најгелсман славеше на својата „Рајн Некар арена“ со 1:0. Единствениот погодок на средбата беше дело на хрватскиот интернационалец Андреј Крамариќ во 21 минута.

За Баерн Минхен ова е втор пораз во сезоната, но сигурен е на врвот на табелата со 13 бода повеќе од Лајпциг и 14 од Хофенхајм. Баварците во претстојниот викенд ги очекува дерби пресметка со Борусија Дортмунд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Милионерите“ се четврти на табелата по синоќешниот убедлив триумф над Хамбургер со 3:0. Гонзало Кастро во 13 минута, Шинџи Кагава во 81 минута и Пјер Емерик Обамејанг во втората од судиското продолжение погодија за 14 радост на составот на Томас Тухел во сезоната.

Вердер пред своите навивачи го совлада Шалке со 3:0, а три бода на домашен терен впиша и Келн во дуелот со Ајнтрахт Франкфурт.

Бундеслига, 27 коло

Резултати

Хофенхајм – Баерн Минхен 1:0

Борусија Дортмунд – Хамбургер 3:0

Келн – Ајнтрахт 1:0

Вердер – Шалке 3:0

Среда, 20.45 ч.

Мајнц – Лајпциг

Борусија Менхенгладбах – Херта

Дармштат – Баер Леверкузен

Аугсбург – Инголштат

Волфсбург – Фрајбург

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…