Дома Македонски спорт Мак ракомет Хосни претставен во Битола: Минатата сезона за малку Е.Пелистер не ја освои титулата, оваа ќе биде подобро

Хосни претставен во Битола: Минатата сезона за малку Е.Пелистер не ја освои титулата, оваа ќе биде подобро

Еурофарм Пелистер продолжува да го засилува својот ростер за новата сезона, а следен беше Усама Хосни од Тунис.

Хосни е среќен што пристигнува во Битола и најавува титула во домашното првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ова е убаво искуство за мене. Можноста да дојдам во Македонија и да бидам прв ракометар од Тунис во Еурофарм Пелистер ми ја понуди мојот агент. Тој ми го претстави клубот и амбициите, можноста да се остварат добри резултати во Европа и да се освои македонското првенство. Ова е убава шанса за мене, тотално различно искуство од Франција, каде што играв. Оптимист сум и мотивиран сум за мојот нов предизвик.

Наидов на амбициозна група ракометари. Важно е да се бориме за титулата во Македонија. Го гледав последниот натпревар против директниот конкурент Вардар 1961 минатата сезона. За жал заради мали детали Еурофарм Пелистер ја загуби титулата. Но, оптимист сум дека годинава ќе биде подобро.

Ракометот има традиција на Балканот. Македонија има добра репрезентација, во 2015 година игравме важен натпревар во Полска за олимписките квалификации. Бев најдобар играч на тој натпревар, победивме и благодарение на тој натпревар, Тунис се квалификува за Олимписките Игри во Рио. Традиција е да излегуваат добри ракометари од Македонија, да имате добра селекција. Убав пример за тоа е Кирил Лазаров“, изјави Хосни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…