Дома Фудбал Лига на шампиони Холанѓанец ќе им суди на Баерн и Реал

Холанѓанец ќе им суди на Баерн и Реал

Честа да го суди првиот дуел помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ, ја доби холандскиот арбитар Бјорн Кујперс, потврди денес УЕФА.

Кјуперс го судеше финалето во Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Атлетико во 2014 година во Лисабон, кога „кралевите“ ја освоија 10-та титула.

Оваа сезона Холанѓанецот му судеше на Реал Мадрид во групната фаза против Борусија Дортмунд, а на Баерн Минхен му има судено три пати во кариерата.

Вториот полуфинален натпревар помеѓу Ливерпул и Рома ќе го суди германскиот арбитар Феликс Брих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Војна од невидени размери во Шпанија: Претседателот на Ла Лига остро му одговори на Реал Мадрид

Конфликтот помеѓу Реал Мадрид и челниците на Ла Лига Хавиер Тебас доби ново поглавје. Нико…