Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Холандија рано поведе, па стравуваше и за бод против Еквадор!

Холандија рано поведе, па стравуваше и за бод против Еквадор!

Во третиот натпревар од денешната програма Холандија и Еквадор ремизираа 1:1.

Ова беше натпревар на двете екипи кои забележаа победи во првото коло, па сега и двете репрезентации имаат по четири бода. Одлично започна натпреварот за Холандија кога младата ѕвезда Коди Гакпо со прекрасен гол ја затресе мрежата после само пет минути игра. Ова воедно беше и најбрзиот гол на Мундијалот досега.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во тие моменти изгледаше дека Холандија сигурно ќе чекори кон победата, меѓутоа тоа не се случи. Како што одминуваа минутите Еквадор воспоставуваше рамноправна игра. Во финишот од првиот дел се затресе мрежата на Холанѓаните, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Сепак, до гол стигнаа после само четири минути игра во вториот дел и повторно стрелец беше Енер Валенсија за кого ова беше трет гол со кој избива на врвот на листата стрелци. До крајот Холандија не се закани сериозно, Еквадор ги имаше подобрите прилики за гол, резултатот не се промени.

Во последното коло Холандија ќе игра против аутсајдерот Катар, додека Еквадор ја чека незгодниот Сенегал кој по ова второ коло има само бод помалку на третата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…