Дома Фудбал Хит изјава: Сопругата ме држи за ја*ца, таа е како Серхио Рамос

Хит изјава: Сопругата ме држи за ја*ца, таа е како Серхио Рамос

Majoрка вчера успеа да го победи Депортиво со 3:0 во реванш натпреварот од финалето во плејоф за влез во Ла Лига.

Иако Депортиво славеше во првиот натпревар со 2:0, Мајорка со головитен а Анте Будимир, Севиља и Пратс направи голем подвиг и после шест години се врати во најелитниот ранг во Шпанија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После завршувањето на натпреварот следуваше големо славје на играчите и навивачите на Мајорка кои втрчаа на теренот, а на трибините славеше и шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

Еден од хероите на Мајорка беше Лаго Јуниор кој прославуваше заедно со својата сопруга Фабиола, а со својата изјава тој ја насмеа фудбалската јавност.
Додека објаснуваше како ќе слави со играчите објасни како го чува неговата жена кога ќе излезе.

„Ќе славам со моите соиграчи и сопругата, која ме држи за ја*ца. Таа ме чува како Серхио Рамос, не ми остава ниту сантиметар простор“, изјави Лаго.
Неговата изјава ја прокоментира и самата Фабиола.

„Вистина е се што зборува“, низ смеа изјави Фабиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…