Тренерот на Баерн Минхен и некогашен предводник на „кралевите“, Јуп Хејнкес верува дека Реал Мадрид може да го елиминира ПСЖ во Лигата на шампиони.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Реал Мадрид оваа сезона игра катастрофално во Примера, па поради тоа според експертите ПСЖ е фаворит во осминафиналниот дуел од ЛШ.
„Тоа што Реал игра послабо во лигата е сосема нормално, му заминаа неколку важни фудбалери како Мората и Хамес, а притоа не донесоа некое големо засилување. Меѓутоа, Реал никогаш не смеете да го отпишувате во Лигата на шампиони. Имаат поголемо искуство отколку ПСЖ и верувам дека ќе поминат во следната фаза. Јас кога бев тренер на Реал бевме на четврто место во лигата, а ја освоивме ЛШ“, изјави Хејнкес.
Хејнкес ја освои Лигата на шампиони со Реал Мадрид во 1998 година, а потоа истиот успех го повтори и со Баерн Минхен во 2013 година.