Дома Фудбал Германија Хејнкес проговори за понудата од Баерн

Хејнкес проговори за понудата од Баерн

Откако беше променет Карло Анчелоти во германските медиуми тема број еден е тренерското место на клупата на Баерн.

Со кормилото на Баерн се поврзуваат многу звучни тренерски имиња, а ако може да им се верува на германските медиуми најблиску до клупата на Баерн Минхен во овој момент е 72 годишниот Јуп Хејнкес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој повтрди дека се сретнал со Ули Хенес, Карл Хајнц Румениге и Хасан Салихамџиќ, но сеуште ништо не е договорено.

„Ме прашаа дали сакам да го предводам Баерн до летото 2018 година. Зборувавме за многу работи, но ништо не се договоривме. Морам да ги анализирам работите. Четири години не предводен ниту еден тим, од моето заминување фудбалот започна да се менува“, изјави Хејнкес.

Хејнкес до сега на три пати го предводеше Баерн, прво од 1987 до 1991 година, потоа кратко беше тренер во 2009 година и последниот пат од 2011 до 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…