Утре Баерн Минхен ќе ги одмери силите со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите, што ќе биде последниот голем меч за 72-годишниот Хејнкес на „Алијанц Арената“.
„Не планирав повеќе да работам, па за мене е привилегија што можам да играм полуфинале и евентуално финале. Среќен сум што воопшто имам шанса да играм против Реал. За секој фудбалер и тренер натпреварите против Реал Мадрид се врвот на кариерата“, смета Хејнкес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Цел свет ќе го гледа овој дуел, па треба да ги контролираме емоциите, иако тоа нема да биде лесно. И двата тима имаат играчи од светска класа кои се залагаат за напаѓачки фудбал. Во овој дуел нема фаворити, но јас имам добро претчувство“, закучи искусниот стратег.
Tomorrow it's time ??? #FCBRMA #UCL #MiaSanMia #fr7? @ChampionsLeague @FCBayern pic.twitter.com/J0zPg1OwHI
— Franck Ribéry (@FranckRibery) April 24, 2018