Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес, ја коментираше одлуката на Арсен Венгер да го напушти Арсенал на крајот од сезоната.
Одлуката на Венгер после 22 години да го напушти кормилото на Арсенал е тема на денот во фудбалскиот свет.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Арсен направи одлична кариера во која забележа многу успеси додека неговиот тим практикуваше атрактивен фудбал. Тој покажа позитивно влијание врз играта во Англија, но во одреден момент мора да се каже: „Доста беше“. Не знам дали тој ќе продолжи да работи“, истакна Хајнкес.
Хајнкес има 72 години и се пензионираше уште во 2013 година, но оваа сезона се врати да им помогне на Баварците, кои беа во мини криза и е во трка за трината круна.