Дома Фудбал Хејнкес го откри играчот за кој жали што не е во Баерн Минхен

Хејнкес го откри играчот за кој жали што не е во Баерн Минхен

Тренерот на Баерн, Јуп Хејнкес ја критикуваше управата на минхенскиот клуб затоа што не успеаа да го доведат Тим Вернер.

Одличниот германски напаѓач летото 2016. година за десет милиони евра се пресели во Лајпциг и во моментов е еден од најдобрите стрелци во Бундеслигата, а според мислењето на Хејнкес токму таков играч треба да пристигне на „Алијанц Арена“.

Говорејќи за Ди Велт, Хејнкес, меѓу другото, истакна дека Баерн мора повеќе да ги привлекува најдобрите германски таленти.

„Баерн пред неколку години требаше да потпише со Вернер, уште кога беше во Штутгарт. До таквите играчи треба да дојде на време. Штета, Вернер можеше многу да научи во Баерн“, изјави Хејнкес.

Вредноста на Вернер денеска се проценува на 50 милиони евра, а меѓу клубовите кои денеска го сакаат во своите редови се споменуваат Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…