Дома Фудбал Херта со играч помалку го победи Лајпциг на гости

Херта со играч помалку го победи Лајпциг на гости

Фудбалерите на Херта вечерва на гостувањето кај Лајпциг остварија победа со 3:2 во рамките на 17. коло од Бундеслигата.

Гостите со погодокот на Селке дојдоа до водство уште во 5. минута од натпреварот . Сепак, само две минути подоцна ладен туш за гостите бидејќи Торунарига заработи директен црвен картон.

Тоа за фудбалерите на Херта не донесе некоја предност, па гостите веќе во 31. минута со голот на Калу дојдоа до водство од 0:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Во продолжение од натпреварот, гостите постигнаа нов погодок во 51. минута, а стрелец беше Селке. Лајпциг не се предаваше па во 68. минута го ублажија водствтото со погодокот на Орбан. Уште еден гол за Лајпциг стигна во втората минута од судиското продолжение преку Халстенберг , но тогаш веќе беше јасно дека три бода одат во Берлин.

Херта со оваа победа се проби на 10. позиција со освоени 24 бода, додека екипата на Лајпциг остана на 5. место со четири бода повеќе од денешниот противник.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…