Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот Роналдо и црвениот картон за Буфон го однесоа Реал во полуфиналето, Баерн без проблеми против Севиља (ВИДЕО)

Херојот Роналдо и црвениот картон за Буфон го однесоа Реал во полуфиналето, Баерн без проблеми против Севиља (ВИДЕО)

Екипата на Баерн Минхен со реми без погодоци вечерва на „Алијанц Арената“ избори пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова е благодарение на позитивниот резултат кој Баерн го оствари во првиот меч од четвртфиналето на гости кај шпанскиот состав.

Во драматична завршница пак, на „Бернабеу“ сите срца чукаа во последните секунди од судиското надполнување.

Имено, Јувентус успеа да го декласира Реал во текот на регуларните 90 минути, па успеа да ја анулира предноста на Кралевите.

Првиот погодок го постигна Манџукиќ во раната 2. минута, а веќе во 37. минута повторно тој им ги врати сите надежи на фановите на „Старата дама“. Матуиди донесе ситуација за продолженија и евентуална пенал партија во 61. минута кога зголеми на 3:0, но вистинската драма следуваше во судиското надополнување.

Во истото, по еден невнимателен старт на Бенатиа, Буфон заработи црвен картон, а Роналдо го совлада Шчесни од белата точка за пласман на Реал во полуфиналето.

https://youtu.be/0dTj7iinjC4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вклучени се црвените аларми:Натпревар од четвртфиналето на Светското првенство би можел да биде одложен!

Големото четвртфинале од Светското првенство помеѓу Англија и Норвешка, кое е закажано за …