Дома Останати Ракомет Херојот на Холандија од мечот со Црна Гора е аматер кој работи во здравство и ракометот му е хоби

Херојот на Холандија од мечот со Црна Гора е аматер кој работи во здравство и ракометот му е хоби

Европското првенство во ракомет е различно од претходните, најмногу поради коронавирусот и репрезентациите до последен момент не знаат каков состав ќе имаат на располагање.

Во таква ситуација херој на Холандија, но и на целото ЕП е Тајс Ван Лејвен. Лејвен блесна во натпреварот против Црна Гора вчера, а пред неколку недели не ни сонуваше дека може да биде дел од големиот турнир за својата селекција.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ерлингур Ричардсон, селекторот на Холандија на пошироките список од 35 ракометари имаше пет голмани, а Лејвен не беше меѓу нив. Барт Равенсберген бранеше одлично на првите четири меча, како и Денис Шекеленс, но и двајцата добија позитивни тестови на ковид-19 пред почетокот на главната фаза.

Така во екипата повикан беше Рене Де Нехт, но тој не можеше да стигне на време, шанса доби 41-годишниот Берт Ејлерс, но и тој на крајот доби позитивен тест. Така Ричардсон остана без сите пет голмани кои ги имаше на списокот.

Благодарение на новото правило на ЕХФ токму поради коронавирусот Холандија можеше да повика некој кој не е на поширокиот список. Така шанса доби Ван Лејвен. Лејвен брани во белгиски Спортинг и интересно е што него ракометот му е споредна работа, не работа од која живее.

„Кога ми стигна известувањето дека сум повикан за Европското првенство бев на работа. Мораше брзо да разговарам со мојот газда бидејќи навистина имавме работа. Работам во здравство и дизајнирам импланти за черепи. Никогаш не сум бил професионалец. Работам 36 часа неделно, а тренирам шест пати во неделата“, откри Лејвен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…