Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот на Тотенхем: Ова е голем дар од Бог, најдобриот момент во мојата кариера

Херојот на Тотенхем: Ова е голем дар од Бог, најдобриот момент во мојата кариера

Никој на Тотенхем не му даваше премногу шанси против одличниот Ајакс, а посебно не кога на полувремето Ајакс имаше предност од 2:0.

„Петлите“ во Амстердам после првите 45 минути губеа со 2:0 и изгледаше дека се е готово, но во второто полувреме на терен Покетино испрати еден поинаков Тотенхем и Лукас Моура со хет-трик ги одведе Англичаните во финалето каде што ќе играат против Ливерпул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Невозможно е да се објасни она што во овој момент го чуствувам. Среќен сум и горд на своите соиграчи. Секогаш верував во овој момент. Дадовме се од себе на теренот и го заслуживме ова, ние сме семејство. Невозможно е ова да се објасни. Ова е голем дар од Бог кој сакам да го споделам со соиграчите, пријателите и семејството“.

„Не сум само јас важен, туку и моите соиграчи и тимската работа. Сите работеа напорно. Тешко е да се игра тука против Ајакс, но јас секогаш верував во моите соиграчи. Дури и без клучните играчи игравме многу добро. Во секој натпревар треба вака да се бориме“.

„Фудбалот е неверојатен, ви дава моменти како овие кои не можат да се замислат. Најдобар момент во мојот живот и кариерата. Единствено што можам е да им се заблгодарам на моите соиграчИ“, изјави херојот на Тотенхем после натпреварот.

https://www.youtube.com/watch?v=qqlVPJzC3nY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…