Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот на Неапол кој вчера беше трагичар со емотивна порака: Тешко ми е да ги гледам вашите солзи…

Херојот на Неапол кој вчера беше трагичар со емотивна порака: Тешко ми е да ги гледам вашите солзи…

Грузиецот Квича Кварацхелија во текот на сезоната прерасна во вистински херој на Наполи, но вчера против Милан се претвори во трагичар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кварцхелија против „росонерите“ промаши пенал во завршницата од натпреварот, а на крајот токму еден гол му недостасуваше на Наполи да се избори за продолженија.

Кварцхелија по мнатпреварот се огласи на својот Инстаграм профил и им се извини на навивачите.

„Тешко ми е да ги гледам вашите солзи затоа што не донесов среќа. Ќе дадам се од себе да научам нешто од ова искуство. Многу ми е жал и сум благодарен на поддршката која ја чувствувам во секоја секунда! Ве сакам и ветувам дека ќе се вратиме посилни. Пред нас се многу натпревари“, порача 22-годишниот фудбалер.

Кварцхелија сезонава за Наполи постигна 14 голови на 16 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Што ќе се случи со Рашфорд: Барселона донесе конечна одлука за Англичанецот

Маркус Рашфорд „излегува“ од плановите на Барселона, со оглед на тоа дека Каталонците цело…