Maдритски Атлетико со голот на Хектор Ерера во 90-тата минута вчера успеа да извлече бод во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот на крајот заврши 2:2, а мексиканскиот играч за врска после натпреварот и голот за еден бод испрати порака до Диего Симеоне.
Новинарите го прашаа зошто го прослави голот со соиграчите на клупата за резерви, а Ерера имаше јасен одговор.
„Го славев голот на клупата затоа што таму поминувам повеќе време“, изјави Ерера.
И навистина е така. Во четири кола од Ла Лига Мексиканецот од Симеоне не доби ниту една минута на теренот, а вчера доби 15-тина минути пред крајот.
На Симеоне внесувањето во игра на Ерера му се исплатеше и ќе видиме дали во наредниот период ќе се реши повеќе да го користи.