Дома Фудбал Германија Хенес: Баерн никогаш нема да направи нешто какво што направи Јувентус!

Хенес: Баерн никогаш нема да направи нешто какво што направи Јувентус!

Првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес повторно потврди дека баварскиот гигант никогаш не би потрошил повеќе од 100 милиони евра на „ветеран“ како што тоа го направи Јувентус со купувањето на Роналдо.

Хенес уште еднаш ја критикуваше одлуката на „старата дама“ за одлуката да го доведат Кристиано Роналдо за повеќе од 100 милиони евра и да му дадат плата од 30 милиони евра по сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во разговор за германски „Билд“ Хенес порача дека Баерн никогаш не би направил такво нешто.

„Тој има 33 години, ветеран е. Ќе требаше да платиме 100 милиони евра и тоа е договор каков што никогаш не би направиле. Доколку имаше 24 години ќе го доведевме со затворени очи“, изјави Хенес.

Меѓутоа Кристиано Роналдо во Јувентус воопшто не покажува дека се работи за човек кој има 33 години. Неговиот почеток во Торино е навистина одличен и во 14 одиграни натпревари Португалецот постигна 11 погодоци и запиша шест асистенции.

Таков учинок во Јувентус е најдобар уште од сезоната 1968/1969 кога Пиетро Анастаси постигна девет голови во првите 14 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …