Дома Останати Кошарка НБА Хеликоптерот на Коби немал дозвола да лета во лоши временски услови!

Хеликоптерот на Коби немал дозвола да лета во лоши временски услови!

Хеликоптерот „Сикорски С-76Б“ со кој животот го загуби Коби Брајант во неделата иако бил еден од најбезбедните во светот, сепак немал дозвола да лета во лоши временски услови, објави американската сојузна управа за цивилно воздухоплоство (ФАА).

Во несреќата заедно со Коби загинаа уште осум лица помеѓу кои беше и неговата 13 годишна ќерка, Џана Марија. Несреќата се случи во близина на Лос Анџелес 13 минути по полетувањето. Засега се смета дека главна причина била густата магла. Полицијата во моментите кога летал Брајант ги приземјила сите свои хеликоптери поради лошото време.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пилотот Ара Зобајана добил дозвола да полета затоа што поседувал дозвола за лет со помош на инструменти, меѓутоа компанија која го изнајмувала хеликоптерот таква дозвола немала.

Што значи тоа?

Хеликоптерот имал дозвола да лета само во добри временски услови по принцип на визуелно гледање. Според тоа тој не смее да полета ако видливоста не е на пет километри, а облаците не бидат пониски од 300 метри. Во неделата наутро условите биле далеку од идеални, имало густа магла, видливоста била премала, влажноста била голема…Но, хеликоптерот полетал.

Во вакви услови од голема корист е ако хеликоптерот е управуван од двајца пилоти. Меѓутоа американските медиуми пишуваат дека поради помали трошоци најголем број од компаниите кои изнајмуваат хеликоптери користат само еден пилот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер загуби од Кливленд

Кошаркарите на Денвер загубија од Кливленд со резултат 126:114, а српскиот кошаркар Никола…