Дома Фудбал Лига на шампиони Хари Кејн верува во својот тим: Можеме да се надигруваме и со Реал Мадрид

Хари Кејн верува во својот тим: Можеме да се надигруваме и со Реал Мадрид

Има ли дефанзивец кој во овие моменти може да го задржи Хари Кејн?

Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн верува дека неговиот тим може да го загрози дури и Реал Мадрид против кого ќе играат во наредното коло во Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кејн после традиционалниот пост во август, експлодираше во септември, посебно во Лигата на шампионите каде што постигна пет погодоци на само два натпревари.

„Секако дека сме свесни колку ќе биде тешко против Реал Мадрид, но тоа ќе биде натпревар на две одлични екипи, кои сакаат да напаѓаат. Јасно е дека ќе победи оној тим кој ќе има подобра завршница, а вистински шанси ќе има и на двете страни. Секогаш е убаво чуството да се игра против најсилниот тим во светот“, изјави Кејн кој се радува на приликата што за прв пат ќе има можност да игра против Кристиано Роналдо.

„Никогаш не сме запознале, но секако дека сум негов фан. Тој е голем професионалец и најдобар фудбалер. Се надевам дека ќе успееме да ги победиме и дека јас ќе постигнам погодок“, изјави Кејн.

Тотенхем и Реал Мадрид имаат максимален учинок после двете кола и јасно е дека нивниот меѓусебен натпревар ќе биде одлучувачки за првото место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…