Дома Останати Кошарка НБА Харден со трипл-дабл донесе победа за Хјустон, Бакси ја разбија Индијана, Бостон со пресврт до победа (ВИДЕО)

Харден со трипл-дабл донесе победа за Хјустон, Бакси ја разбија Индијана, Бостон со пресврт до победа (ВИДЕО)

Во изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни три натпревари од првиот круг во плеј-офот во НБА лигата, а сите три завршија со победи на домаќините.

Џејмс Харден го предводеше Хјустон до сигурна победа над Јута. Во победата од 118:98 над Јута Харден учествуваше со 32 поени, 13 скокови и 10 асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште после првата четвртина Хјустон имаше 20 поени предност и таа предност ја одржуваше до крајот на натпреварот, а освен Харден во редовите на Рокетси одлични беа Пол со 17 поени и Тукер и Гордон со по 16.

Рубио и О’Неал со по 17 беа подобри од останатите кај Јута.

https://www.youtube.com/watch?v=e9QXBBaY7zY

Милвоки како и Хјустон го декласираше Детроит во вториот натпревар на свој паркет, резултатот гласеше 120:99. Гостите од градот на автомобилите добро се држеа во првото полувреме, но третата четвртина која Бакси ја добија со 35:17 беше одлучувачка.

Антетокумпо со 26 поени и 12 скокови беше најдобар кај Милвоки. Го следеа Бледсо со 27 и Миделтон со 24. Гостите кои до крајот на плејофот останаа без Блејк Грифин ги предводеше Драмонд со 18 поени 18 поени и 16 скокови, ист број на поени постигна и Реџи Џексон, а Кенард уфрли 19 поени.

Најголема неизвеност беше видена во Бостон. Индијана на почетокот на последната четвртина имаше 11 поени предност и изгледаше дека ќе изедначат на 1:1 во серијата. Но одличниот Кајри Ирвинг не мислеше така и го предводеше Бостон кој одигра одлични последни 12 минути. Последната четвртина Бостон ја доби со 31:12 за конечен резултат 99:91.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…