Дома Останати Кошарка НБА Харден испиша историја, ама овој пат негативна – промаши 15 од 15! (ВИДЕО)

Харден испиша историја, ама овој пат негативна – промаши 15 од 15! (ВИДЕО)

Џејмс Харден зад себе има фантастична сезона во НБА лигата во која сруши неколку рекорди и во која го воодушеви фудбалсиот свет со својот кошгетерски учинок.

Сепак, плејофот е нешто поинаку од регуларниот дел од сезоната. Во изминатиот тешко изборен триумф на неговиот Хјустон во „Солт Лејк Сити“ каде што Хјустон ја победи Јута со резултат 104:101 Харден псотави негативен рекорд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот стрелец на лигата го отвори натпреварот со 15 промашени шута во низа што претходно не му се случило на ниту еден друг кошаркар во НБА плејофот. Натпреварот го заврши со катастрофални 3/20 и со 22 поени од кои поголемиот дел ги постигна од линијата за слободни фрлања.

Неговиот катастрофален натпревар го анулираа останатите кошаркари на Хјустон, освен Харден уште петмина постигнаа 10 или повеќе поени. Хјустон од полуфиналето на Западната конференција го дели само уште една победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…