Дома Останати Кошарка НБА Харден броеше до 59, Вориорси изгубија и останаа без Кари, Ембид и Таунс се степаа (ВИДЕО)

Харден броеше до 59, Вориорси изгубија и останаа без Кари, Ембид и Таунс се степаа (ВИДЕО)

Во ноќта зад нас беа одиграни 11 натпревари во НБА лигата.

Џејмс Харден одигра уште еден фантастичен натпревар овој пат против Вашингтон Визардс. Харден во победата од 159:158 постигна дури 59 поени. Неговиот соиграч Расел Вестбрук оствари учинок од 17 поени, 10 скокови и 12 асистенции. Кај Визардси Бил беше најдобар со 46 поени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Феникс Санс во еден од поинтересните натпревари славеше против Голден Стејт на гости со 121:110. Поголем за Вориорсите е што на овој натпревар тешка повреда заработи нивната прва ѕвезда Стеф Кари. Најефикасен на натпреварот беше Букер со 31 поен.

Момент кој ја обележа вечерта се случи и на натпреварот помеѓу Филаделфија и Минесота кој домаќините го добија со 117:95. На оваа средба после еден дуел во физичка пресметка влегоа Џоел Ембид и Карл Ентони Таунс.

Очекувано после инцидентот и двајцата беа исклучени сигурно ги очекуваат и дополнителни казни.

Лос Анџелес Клиперси го претрпеа вториот пораз сезонава. После Феникс сега Јута оствари победа против Клиперси. Конли на овој натпревар беше најефикасен со 29 поени, потоа следуваше Вилијамс од Клиперси со 24.

НБА РЕЗУЛАТИ:

Кливленд – Чикаго 117:111

Орландо – Њујорк 95:83

Филаделфија – Минесота 117:95

Бостон – Милвоки 116:105

Торонто – Детроит 125:113

Оклахома – Портланд 99:102

Сакраменто – Шарлот 111:118

Јута – Лос Анџелес Клиперс 110:96

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…