Дома Фудбал Хаос во Јувентус: Играчите се свртеа против Пирло

Хаос во Јувентус: Играчите се свртеа против Пирло

Раководството на Јувентус ова лето го зачуди фудбалскиот свет кога реши тренерското столче да му го додели на Андреа Пирло, кој претходно немаше ниту ден тренерско искуство.

Тренерската авантурата на Пирло во Јувентус не започна на најдобар начин, а италијанските медиуми откриваат дека имал несекојдневни методи на работа.

За фудбалерите на Јувентус е необично што Пирло не зборува со нив за тактика, туку го праќа неговиот заменик Игор Тудор, а за време на мечевите задолжен за инструкциите е вториот помошник Роберто Баронио.

Ова многу ги иритира играчите на Јувентус и тие сакаат Пирло да има поголема комуникација со нив. Притоа, многу играчи се чуствуваат конфузни на теренот бидејќи не ги разбираат тактичките замисли на тренерот.

Доколку продолжи вака, Андреа Пирло ќе ги натера челниците сериозно да размислуваат за негова смена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…