Дома Топ вести Хаос во соблекувалната на Барселона: Играчите удрија „без пардон“ по оној кој прави „шоу“ во медиумите

Хаос во соблекувалната на Барселона: Играчите удрија „без пардон“ по оној кој прави „шоу“ во медиумите

Сагата околу преминувањето на Нејмар од Барселона во ПСЖ се уште трае, но многумина се надеваат дека наскоро ќе пристигне конечниот епилог.

Бразилскиот фудбалер доби понуда од ПСЖ кариерата да ја продолжи таму, а понудата е тешка 30 милиони евра годишно, што е двојно повеќе од тоа што заработува на „Камп Ноу“, а клубот од Париз по се судејќи ќе плати неверојатни 222 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Околу десетина дена трае сагата околу овој трансфер и се чини дека веќе сите се уморни. Нејмар се уште молчи, а како што се наведува тоа најмногу им пречи на неговите соиграчи од Барселона. Меси и компанијата сакаат да знаат која е одлуката на Бразилецот, па да бидат на чисто дали можат да сметаат на него и во следната сезона.

Мундо Депортиво објави денес дека се создала негативна атмосфера во соблекувалната на Каталонците бидејќи сите се свртеле против Нејмар. Како што се наведува, тие на Бразилецот му порачале дека им е мака од препукувањата по медиумите и неговото шоу кое е во центарот на вниманието.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…