Дома Фудбал Хаос во ПСЖ: Нејмар и Дрекслер се фатија за гуша!

Хаос во ПСЖ: Нејмар и Дрекслер се фатија за гуша!

ПСЖ и оваа година супериорно ја освои Лига 1, но сезоната сигурно не може да се смета за успешна поради раната елиминација од Лигата на шампиони.

Тоа ја наруши хармонијата во соблекувалната, а последните информации од Франција говорат дека имало сериозна расправија помеѓу Нејмар и Дрекслер.

„Паризиен“ открива дека расправијата започнала откако Германецот го критикувал Нејмар дека игра премногу индивидуално и е многу себичен.

На тоа Нејмар одговорил: „Кој си ти да ми приговараш за тоа? Знаеш да ја враќаш топката само назад“.

После тоа следувала вербална расправија помеѓу двете ѕвезди и соиграчите и тренерот Тухел спречиле физичка пресметка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ред Булс го запре Меси: Крај на голгетерската низа и пораз за Интер Мајами

Лионел Меси остана без гол првпат во последните 13 настапи во регуларната сезона на МЛС, а…