Дома Фудбал Лига на шампиони ХАОС во Неапол, Холанѓаните во „ПРЕСМЕТКА“ со полицијата! (Видео)

ХАОС во Неапол, Холанѓаните во „ПРЕСМЕТКА“ со полицијата! (Видео)

Наполи денес игра против Фејенорд на домашен терен, а клубот од Неапол не дозволи на овој натпревар да присуствуваат гостински навивачи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината за таквата одлука на клубот од Неапол беше дивеењето на овие навивачите од пред две години во центарот на Рим кога Фејенорд и гостуваше на Рома во рамките од Лигата на Европа.

Но и покрај забраната голем број Холанѓани допатуваа во Неапол и се однесуваа во склад со нивната репутација, бидејќи веднаш со камења ги нападнаа полицијаците пред стадионите. Потоа следуваа филмски сцени, хулиганите избегаа, а полицијаците кои беа каменувани повикаа засилувње.

Полицијата ги стигна Холанѓаните и им го попречи патот, по што следуваше нов пресметка, овој пат со палки и пендраци, а еден навивач на холандскиот тим беше и приведен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…