Финалниот натпревар помеѓу екипите на Трепча од Косовска Митровица и Голден игл од Сува Река донесе вистински хаос.
Во целиот хаос според информациите на „Кланкосова.тв“ две лица биле и избодени, нешто подоцна информацијата ја потврдија и од полицијата во изјава на портпаролот Авни Захити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Околу 21.30 часот е пријавено дека две лица по кошаркарскиот натпревар се повредени со остар предмет и побарале помош во Брзата помош на регионалната болница во Митровица. Полицијата го расчистува случајот“, изјави Захити.
Инцидентот се случил по завршувањето на финалето во кое Трепча по 12 години ја освои титулата со победа во „мајсторката“ од 67:66.