Лучијано Спалети целосно ги изгуби „конците“ во Интер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер кој пред два месеци важеше за еден од фаворитите за Скудетото падна во голема криза, па сега се наоѓа на четвртата позиција со 18 бодови помалку од првопласираниот Наполи.
Проблемите се големи, а португалските медиуми пишуваат и зошто десниот бек Жоао Кансело е отстранет од тимот.
До судир дошло на тренинот, дури наводно истиот можел да прерасне и во физички кога Португалецот одбил да игра како лев бек место на својата природна позиција.
„О Жого“ пишува дека Спалети го елиминирал од тимот и му порачал дека на лето може да си замине. Да потсетиме, Кансело оваа зима сакаше да се врати во Валенсија која го испрати на позајмица во Интер.
Исто така локалните медиуми пишуваат и дека дошло до конфликт со Мауро Икарди и Иван Перишиќ и тоа пред натпреварот против Болоња на „Џузепе Меаца“.