Репрезентациите на Турција и Тунис вчера во Женева одиграа пријателски натпревар кој завршо без победник 2:2, а натпреварот беше обележан од инцидентот во кој учествуваше турскиот репрезентативец, Ценк Тосун.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Турција поведе со голот на Тосун од пенал во 54 минута, а тогаш на трибината на која беа сместени навивачи на Тунис беше нападнато неговото семејство.
Кон неговиот татко и чико беше фрлена некоја запалива направа, поради што капитенот на Турција не можеше да остане мирен. Дојде до трибините и на навивачите им испраќаше смртни закани, сакаше да се пресмета, а соиграчите едвај успеаа да го смират.
Натпреварот беше прекинат, Тосун заработи црвен картон, прв во кариерата.
Тунижаните веднаш во следниот напад изедначија, подоцна стигнаа и до водство за Турците со голот во завршницата да стигнат до реми.
Cenk Tosun tribünden bir taraftar ile diyaloga girdi ve direk kırmızı kart ile atıldı.
Video via @yosi1905 pic.twitter.com/0U9HTAuwnP
— Parçalı Aslan ? (@ParcaliAslanorg) June 1, 2018