Коронавирусот направи огромни проблеми во редовите на Динамо Киев пред натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите.
Тренерот на Динамо за натпреварот против Барселона не ќе може да смета на дури 11 фудбалери поради Ковид-19. Вирусот на големо влезе во Динамо и Барса не би требало да има проблеми да победи во овој дуел. Можеби најголем проблем е голманската позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двата голмани на Динамо Бушан и Бојко се заразени па против Барселона многу веројатно ќе брани младинецот Нешрет.
Коронавирусот прави големи проблеми од коло во коло, Динамо не е првиот клуб кој едвај ќе состави тим, минатото коло Лацио против Бриж играше без осум фудбалери од првиот тим. Сепак во тој дуел Лацио освои бод.
Меѓутоа Динамо ќе има многу потешка задача затоа што на другата страна ќе ја има Барселона.