Дома Фудбал Италија Хамшик: Марадона е Бог, би било чудесно да го надинам неговиот рекорд

Хамшик: Марадона е Бог, би било чудесно да го надинам неговиот рекорд

hamsik

Капитенот на Наполи, Марек Хамшик, изјави дека би сакал да ја заврши кариерата во Наполи, но истакна дека пред тоа сака да го престигне Диего Армандо Марадона по бројот на постигнати голови.

Хамшик за една деценија во Наполи постигна 113 погодоци и му недостасуваа уште само три да го надмине најдобриот фудбалер кој некогаш го носел дресот на Наполи кој е и најдобар стрелец во историјата на клубот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Се надевам дека ќе поставам рекорд. Марадона е Бог во Наполи и би било навистина неверојатно по бројот на погодоци да бидам пред една таква легенда. Да си го прочитам моето име пред она на Марадона би било навистина нешто чудесно. Очигледно е дека не можеме да се споредуваме, но јас би сакал да го поставам рекордот заедно со освојувањето на Скудетото“, изјави Хамшик.

Во времето на Марадона Наполи освои две титули во Италија, Словакот смета дека конечно дојде времето да се прекине постот од 27 години.

„Тешко е да се предвидува во фудбалот бидејќи никогаш ништо не се знае, но јас воопшто не размислувам да го напуштам Наполи. Во минатото одбивав понуди од Милан и Јувентус, среќен сум тука. Би можел и во овој клуб да ја завршам кариерата, можеби после освојувањето на Скудетото, се надевам дека нема да чекам долго“, заврши Хамшик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англичаните укинаа едно правило и ги израдуваа сите клубови

ФА Купот е натпреварувањето со најдолга традиција во Англија. Ова натпреварување се игра в…