Играчот на Баерн Минхен, Хамес Родигез, кој е на позајмица од Реал Мадрид ги коментираше престојните натпревари со „кралевите“ во Лига на шампиони.
Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите во полуфиналето, а Хамес вели дека Баварците не треба да натпреварите да гледаат како на одмазда.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не треба да баране одмазда против Реал за тоа што се случи минатата година. На натпреварите треба да гледаме како на два чекори до финалето“, истакна Колумбиецот.
„Кристиано Роналдо е машина за голови. Секогаш се појавува кога е најпотребно. Треба да внимаваме на него, но и на другите фудбалери. Реал не е само Роналдо“.
„Со сигурност нема да биде лесно, но историјата покажа дека Баерн знае како да му се спротистави на Реал Мадрид“, заклучи Хамес.
?? James Rodriguez = Bayern's assist king ?
? playmaker in the #UCL is _____ pic.twitter.com/6QQm4n1cOi
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 9, 2018