Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез останува во Баерн и по истекот на позајмицата.
Хамес во Баерн пристигна од Реал на двегодишна позајмица, а сега Баварците имаат намера да го откупат неговиот договор за 42 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што се наведува, воспоставени се контакти помеѓу претставници на Баерн и Реал и сите прилики укажуваат на тоа дека колумбискиот репрезентативец постојано ќе биде пчлен на најголемиот германски клуб.
Како што пишува Марка, Хамес учи германски јазик и планира на подолго време да остане во Минхен. Некогашниот играч на Порто и Монако во 28 натпревари оваа сезона постигна пет погодоци и запиша 11 асистенции.
Хамес го очекува СП во Колумбија во Русија, а полека ја слави и титулата со Баерн во германската Бундеслига.