Дома Топ вести Хамес заминува од Минхен и се сели во Лондон

Хамес заминува од Минхен и се сели во Лондон

Германските медиуми пренесуваат дека Хамес Родригез нема намера да остане во Баерн Минхен и да соработува со новиот тренер Нико Ковач.

Колумбиецот моментално игра за Баерн Минхен откако минатото лето пристигна на двегодишна позајмица од Реал Мадрид. Баварците имаат опција и сакаат да го откупат, но германски „Скај“ тврди дека играчот не сака да остане во Минхен.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англиските медиуми пак пренесуваат дека Арсенал и Челзи внимателно ја следат ситуацијата и веќе стапиле во контакт со негевиот агент.

Хамес Родригез минатата сезона догра 23 натпревари во Бундес лигата и постигна 7 гола, но наводно не може да се навикне на животот и јазикот во Германија, па сака промена.

Лондонските клубови се спремни во наредните денови да испратат конкретна понуда, па останува да видиме како ќе реагура Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед му нуди трампа на ПСЖ

Манчестер Јунајтед го стави на продажба Маркус Рашфорд и сакаат да се ослободат од него во…